Monday, July 30, 2012

НЕ Ѝ ПРИПАЃАМ НА ТВОЈАТА РАСА, МОМЧЕ

Не ѝ припаѓам на твојата раса, момче
Не се клањам на твоите идоли и лидери
Твоите глупи химни и слогани и
Ме заболе за твоите знамиња и други играчки

Горд сум што сум различен
Наречи ме предавник или дојденец
Јас знам каде припаѓам
Знам од каде доаѓам
Знам каде одам, момче

Јас сум тој што е слободен, момче, не ти
Јас сум прекрасен и единствен
Ти си само ружен број, момче
За твоите лакоми лидери месо

Јас сум горд на тоа што сум
Ти си тој збунетиот
Ти си фрустрираниот
Ти си болниот, болен засекогаш

Симни се од терасата , момче
Оди си дома, момче, гледај фамилија
Најди го својот мир, пред неволјата да те најде тебе
Престани со глупости, пред да биде предоцна


***
Ја напишав оваа песна пред помалку од две недели (19 јули), иако ја носам во мислите подолго време. Оваа песна е посветена на сите насилници и расистичко-националистички идиоти во мојата земја и во светот. Посебно бев инспириран од една песна на локалните хулигани, но секако дека мислам и на сите гомноглавци низ целиот свет. Имам уште доста стихови за и околу таквите во мојата книга поезија „Апокалипса“ (објавена 2011 г.), но уште повеќе во мојата нова книга поезија и кратки приказни, што е речиси завршена. Велам речиси, бидејќи книгата никогаш не е довршена, освен ако не е отпечатена. Ја напишав оваа песна на англиски јазик, но ја преведов и на македонски. Оригиналот на англиски ќе го најдете на мојот нов блог CONSPECTIO

1 comment:

  1. Кога аплицирав за заем за купување на мојата зграда како сопственик на мал бизнис во тешка ситуација, конвенционалните банки рекоа дека не можат да ми помогнат. Г-дин Педро, службеник за заеми, седна со мене, ја слушна мојата ситуација и одлучи дека вреди да искористам шанса. Еве сме 3 години подоцна и штотуку го обновив кредитот на уште 7 години. Не можев да ја купам мојата зграда без помошта на г-дин Педро и засекогаш ќе им бидам должен што ми дадоа шанса кога никој друг не би ја направил“.
    Ќе ви препорачам да контактирате со службеникот за заем, г-дин Педро за информациите подолу, доколку ви треба финансиска помош.
    Е-пошта и разговор: +1 863 231 0632 pedroloanss@gmail.com

    ReplyDelete