Гледајте вести на поинаков начин. Обезбедете им место на вашите омилени политичари во новиот филмски хит Планета на мајмуните - Освојување на ЕУ.
Продолжението на филмот Планета на мајмуните - Освојување на ЕУ веќе се снима во Македонија. Поради веродостојност, тимот автори и продуценти на филмот реши во овој филм да употребува минимум шминка и гардероба, односно ќе се бара актерите што ќе ги толкуваат улогите да бидат што е можно поприродни. Така, ако се работи за лик на политичар, улогата треба да ја толкува токму политичар од поднебјето каде што ќе се снима продолжението на овој филм за кој критичарите уште сега велат дека ќе биде хит.
Се работи за акционен филм во кој мајмуните од земјите кандидати предводат дел од животинскиот свет во поход на ЕУ. Армијата ја предводат мајмуни, а понискиот команден кадар и војската се сочинети од домашни животни, пред се, магариња, свињи, крави, коњи, волови и овци. Очигледно, авторите се под силно влијание на оригиналниот филм Планета на мајмуните, но и на Орвеловата Животинска фарма. Иако филмот во овој момент го сместуваат во жанрот акција, во него, колку што можев да заклучам од малкуте (поверливи) извадоци од сценариото преовладуваат траги-комични ситуации.
Продукцијата ме одбра мене да направам кастинг, но јас претходно сакам да ги консултирам моите читатели и френдови, подалечни и поблиски. Затоа, ве молам, испратете ми ваши рангирани листи со кандидати од редот на политичарите, локални или државни, кои според вас треба да толкуваат улоги на мајмуни, свињи, магариња во овој иден филмски хит Планета на мајмуните - Освојување на ЕУ.
Имајте предвид дека ова е прелиминарно гласање (прва фаза) кога правиме само листа на кандидати за филмот, а во втората фаза ќе одиме на потесен избор. Првите три места ќе добијат поважни улоги во филмот, а другите ќе бидат статисти.
Во прилог на овој повик до вас ви доставувам и неколку фотографии. Значи, прашањето е: Кој политичар на кое животно ви личи и дали треба да игра важна улога во филмот или треба да добие улога на офицер или обичен војник, односно статист?
Вашите листи треба да ги содржат следните податоци:
Реден број (кој воедно е и рангирање) - Име и презиме на политичарот кој сакате да игра улога во филмот - Животно на кое ви личи политичарот кој го предлагате - Статус во филмот (лидер/мајмун, офицер или војник/статист).

Џабир М. Дерала

ТЕСТ: Кажете ги имињата на македонските политичари на фотографиите |
No comments:
Post a Comment