Мислите дека
можете да стасате до овие висови
каде стојам со
моите другари?
Мислите, ако
приграбите моќ,
можете да се
воздигнете до овие височини?
Се дрогирате
со жални фашистички фрази
и се убедувате
дека сте грандиозни. Ах! За миг,
само за миг.
Да, длабоко во
вас,
има едно
чувство
тој малечок
ѓавол на сознанието.
Го слушате тој
пакосен шепот во главите:
Мизерни сте и мали сте патетични
сте
Бескраен шепот
А јас и моите
другари сме
недостижни и
недопирливи за вас.
Тогаш, ги
одврзувате кучињата
и започнува
ловот.
Некои од нас
ќе убиете,
некои ќе ги
уапсите или згазите,
плукате на
нашите лица,
кажувате лаги
за нас.
И имате
чувство дека сте победиле. За миг,
само за миг.
Си кажувате уште
една лага.
Имате чувство
дека
вашата орда
сјае
и дека сте
заслужиле златни букви
на страниците
на историјата.
Историјата е
напишана со едноставни букви, батки,
црни букви на
груба хартија,
тоа е тоа.
Златните букви
се за вашите кичести згради
и ќе се најдат
на некои од вашите гробови,
никаде на
друго место.
Кратка е
прославата на вашата победа.
Сфаќате,
вие сте
мизерни,
фрустрирани,
ниски форми.
Сфаќате дека
никогаш нема да бидете
како мене и
моите другари.
Парите и моќта
не можат да ве променат.
Би сакале,
но вашето
сељаштво
смрди од
внатре.
Лигави сте и
плитки,
примитивни и
глупави.
Тоа е тоа,
батки.
Не можеме
ништо да сториме во врска со тоа.
Мислите дека
насилништвото е победоносно?
Убиј, уапси,
навреди и повреди.
Вие нема да
станете подобри, ние нема да се снижиме.
Убиј, уапси,
навреди и повреди.
Вие можете да
одземете живот, но не и слобода.
Мислите дека
изгледате подобро
ако направите
ние да изгледаме полошо?
Нам не ни
треба моќ да бидеме моќни.
Не ни требаат
пари да бидеме богати.
Не ни треба
добар изглед да бидеме големи.
Не ни треба
потврда дека сме убави,
бидејќи ние
сме убави.
Не можете да
ги промените фактите.
Не можете да
се промените себе си.
Што и да се
обидете,
што и да
возите
или куќи
изградите,
титули лажни
си доделите,
колку луѓе и
да убедите
или заплашите
да ви аплаудираат
- ништо нема
да ви помогне.
Ќе останете
тоа што сте,
ќе останете
кајшто припаѓате.
Жал ми е.
Ве жалам,
батки.
Навистина ве
жалам.
Имам и за вас
место во моето срце.
Но, има едно
нешто што не можам да сторам за вас.
Не можам да ја
сопрам таа зомби смрдеа
што извира од
вашите мозоци и души.
Знам дека го
читате ова. И знам дека се смеете иронично.
Продолжете со
смеење. Знам, длабоко во вас има едно болно сознание.
Го чувствувам
вашиот гнев измешан со срам како расте во вас.
Што да правам.
Тоа сте вие.
No comments:
Post a Comment