...за Македонија каква што не сакам да биде...слики од мојот приватен објектив...неофицијално...без задршка...
Sunday, September 8, 2013
Wednesday, May 22, 2013
ЛИЖЕЊЕ ЧИЗМИ
Кога структурите ќе
ги постават линиите, први што газат преку нив се уметниците. Структурите ги
сакаат ѕидовите. Уметниците ја сакаат слободата и ги уриваат ѕидовите за да му
дадат на творештвото простор да се движи, воздух да дише.
Затоа,
структурите од памтивек создаваат послушници токму меѓу уметниците. Кабинетите
на моќниците не може да се замислат без уметници кои го свиткале својот `рбет и
се согласиле да ја играат улогата на дворски шутови. Секогаш се на услуга да го
забавуваат својот господар.
Уметниците-дворски
шутови се и вредни апологети и создаваат дела со кои се поддржува политиката и
го јакнат имиџот на господарите. За возврат, господарите владеат со нивното
тело, дух и душа.
Зошто? За храна,
облека и живеалиште. Некој ќе рече и за позиција во општеството, титули и
влијание. Се сомневам во тоа. Уметниците сами по себе имаат позиција во
општеството, титули им се безвременоста и бесконечноста, а влијанието еманира
од нивните дела и личности.
Меѓу дворските
шутови има и креативни, вредни луѓе, чие мајсторство предизвикува возбуда и
восхит. Но нивната апологија на бескрупулозните моќници остава горчлив вкус во
устата и ги девалвира делата кои ги создаваат. Салвадор Дали е прекрасен
уметник, но засекогаш ќе остане и дворски шут на оној гад, Франко. Зошто? За
пари.
„Уметниците имаат
потреба да творат, но и да бидат неутрални, да виреат надвор од политичките
збиднувања и процеси.“ Одлична стапица. Значи, не мора да бидат ни дворски
шутови, а уредно да ја играат истата улога, но со помалку пари или бесплатно.
Уметниците не
смеат да имаат став за сиромаштијата и насилството, не би требало да се мешаат
во теми како човекови права и слободи, мир и ненасилство. Нема зошто уметниците
да се произнесуваат за убиството на човечките вредности, достоинството,
убавината. Тие треба мирно и во тишина да творат дела кои се плод на нивната
имагинација и таленти. Политички затвореници, националистичка хистерија, гушење
на слободата на говорот, безмилосна експлоатација, дискриминација – со тоа треба
да се занимаваат луѓе кои се повикани за тоа, луѓе со мускули, а не уметниците.
За уметниците се
резервирани страниците и рубриките за култура. Таква рубрика секогаш и секаде
има. Да, може да има и повеќе. Барем малку повеќе. Па, за спорт и забава има
толку простор, зошто барем малку повеќе да се не се посвети внимание на
културата? Заслужуваат уметниците! Да, тука почнува и завршува „бунтот“ на
уметниците – во „битката“ за десетина секунди повеќе во просторот кој го
зафаќаат популарните рубрики во медиумите. Не се мешаат во политичката
порнографија, освен кога се повикани да ја воспеваат. Тие се неутрални и
аполитични. Покрај тоа, никогаш не се знае, можеби на нив ќе падне милозливиот
поглед на Структурата.
Гладни за
вниманието на Структурата, дворските шутови се пресреќни кога ќе им фрлат
некоја коска со малку мевце. Тие тогаш се чувствуваат „избрани“. Нивниот
рефлекс тогаш е да се испружат пред своите господари и понизно да почнат со
лижење на нивните чизми. Меѓу два сочни потега со нивните јазици по површината
на чизмата на господарот, додека земаат здив, изговараат ласкави зборови. Потоа
се „исправаат“ на своите колена и уредно се заблагодаруваат за вниманието и
коската. Коската која господарот и неговите кучиња ја изглодале, а секако ја грабнале
од народот. Да, дворските шутови и тие што се туркаат тоа да станат, се
заблагодаруваат на погрешна адреса, бидејќи и месото и коските се на народот. Поточно,
месото и коските се самиот народ.
Уметниците го
заслужиле вниманието веќе со тоа што својата креативност, своите идеи и визии
ги преточиле во уметнички дела. Нивните животи и нивните дела се запчаниците на
цивилизацијата. Колку и да изгледа неверојатно во овие и ваквите времиња,
уметниците се супстанцијата на бунтот, смислата на општеството. А тие што се
ничкосале пред чизмите на каприциозните узурпатори, се помочале на сопствените
дела и станале соучесници во грабежот.
Џабир Дерала
Објавено за САКАМ.ИНФО
КРАЛИЦАТА ЕСМА: ПРОПАГАНДА И РЕАЛНОСТ | MBRETËRESHA ESMA: PROPAGANDA DHE REALITETI
По повод текстот на Харалд Шенкер во Balkan Insight
Џабир Дерала
Па, легендите и реалноста се две различни нешта; поточно: пропаганда и
реалноста. Есма Реџепова беше самопрогласена кралица на ромската музика.
Поранешната југословенска пропаганда машинерија ја креира и лансира Есма како
еден од многуте агитпроп производи. Она што е Есма во независна Македонија е југо-инерција,
како толку многу други нешта. Нејзината музика, искрено, е далеку од тоа да
биде толку кралска како што таа самата и (пост)југословенските папагандни машини
тврдат; постојат повеќе други кралеви и кралици на ромската музика.
Нејзината хуманитарна работа има прилично спорна позадина. Таа е еден ситен
и ирелевантен политичар. Сé на сé, таа го доби
заслуженото место на евровизискиот натпревар на кој учествуваше по скандалозна
низа на настани дома - платени од граѓаните на Македонија.
Есма беше цитирана во српски весник каде користи погрдни називи за
хомосексуалците додека ги опишува организаторите на Евровизија и се обидува да
најде изговор за дебаклот на натпреварот. Покрај тоа, таа тврди дека нејзиниот
партнер во пеењето, младиот Лозаноски, хомосексуалците го штипкале по бифеата близу
евровизискиот настан. Срамно. Еден провладин медиум побрза да пушти романтична
приказна за Есма и нејзиното присуство на геј свадба во Амстердам. Но, штетата
е веќе направена.
Таа навистина е на иста линија со официјалната политика.
Користењето имиња и навреди за ЛГБТ заедницата е она што официјалната
политика на Македонија не се осмелува да го формулира на таков примитивен и
вулгарен начин, но тие сигурно го мислат тоа, ако го цениме нивниот став врз
основа на нивните активности и практики. Суштината е иста. Исто како што на
провладиниот круг на самопрогласените новинари и интелектуалци го кажува она
што политичката елита на власт го мисли, па Есма го тресна она што го тресна.
Тоа не е прв пат. И не е последен пат. ЛГБТ прашањето не е ни единствениот
проблем во овој контекст.
Есма е политичар повеќе од деценија. Таа отсекогаш беше миленик на
владејачките партии, секогаш облечени во шарени традиционални носии, даваше не
многу интелигентни изјави - секогаш на иста линија со владејачите. Таа е она
што од неа се очекува да биде: шарена, не премногу бистра и послушна. Како и
многу други послушни ликови кои - меѓу толку многу други нешта - кренаа рака во
знак на поддршка на подигањето на одвратното Скопје 2014 – шокантно глуп, кичест
и застрашувачки проект.
Нечестиви времиња повикуваат на нечестиви дела.
Me shkas: pas tekstit të Harald Shenkerit
në Balkan Insight
Xhabir Deralla
Ja që legjendat dhe realiteti janë dy gjëra të ndryshme; më saktësisht:
propaganda dhe realiteti. Esma Rexhepova ishte mbretëresha e vetëshpallur e
muzikës rome. Makineria propagandistike e ish-Jugosllavisë e krijoi dhe e
lancoi Esmën si një nga agjitprop produktet e shumta. Ajo çka është Esma në
Maqedoninë e pavarur është pasojë e jugo-inercionit, si dhe shumë gjëra të
tjera. Muzika e saj, sinqerisht, është larg asaj që të jetë mbretërore, siç e
quajnë atë ajo vetë dhe makinat propagandistike (post)jugosllave; ekzistojnë më
shumë mbretër dhe mbretëresha tjera të muzikës rome.
Puna e saj humanitare ka një prapavijë mjaft diskutabile. Ajo është një
politikane e imët dhe irrelevante. Kur t’i mbledhësh të gjitha, ajo e fitoi
vendin e merituar në garën evrovizive në të cilën mori pjesë pas një sërë
ndodhish skandaloze në shtëpi – me paratë e qytetarëve të Maqedonisë.
Esma u citua nga një gazetë serbe ku përdor fjalë fyese për homoseksualët
përderisa i përshkruante organizatorët e Evrovizionit dhe përpiqet të gjejë
arsyetim për debaklin në garën. Përveç kësaj, ajo thotë se partnerin e saj në
interpretimin, Lozanoskin e ri, homoseksualët e kanë ngacmuar në kafeteritë
afër sallës ku u mbajt festivali. Një medium proqeveritar shpejtoi të publikojë
storjen romantike për atë se si Esma ka marrë pjesë në një ceremoni dasme të
një çifti homoseksual në Amsterdam. Por, dëmi veçmë u bë.
Ajo vërtet është në linjë të njëjtë me politikën zyrtare.
Përdorimi i emrave dhe fyerjeve për komunitetin LGBT është ajo që politika zyrtare e Maqedonisë
nuk guxon ta formulojë në mënyrë aq primitive, por ata gjithsesi e mendojnë
atë, kur të merren parasysh aktivitetet dhe praktikat e tyre. Thelbi është i
njëjti. Njësoj sikurse edhe rrethi proqeveritar i gazetarëve dhe intelektualëve
të vetëshpallur e thotë atë që elita politike në pushtet e mendon, Esma vetëm
se e tha troç atë që e tha. Dhe kjo s’është hera e parë. Dhe s’është hera e
fundit. Gjithashtu edhe çështja e LGBT nuk është problemi i vetëm në këtë
kontekst.
Esma është politikane tash e mbi një dekadë më parë. Ajo gjithmonë ka qenë
e përkëdhelura e partive në pushtet, gjithmonë e veshur me petka tradicionale
të larmishme, jepte deklarata jo fort intelegjente – gjithmonë në vijë të njëjtë
me pushtetin. Ajo paraqitet ashtu siç pritet prej saj që të jetë: e larmishme,
jo fort e zgjuar dhe e dëgjueshme. Si dhe shumë “faca” të tjera të dëgjueshme
të cilët – ndër shumë punët tjera – ngritën dorën në shenjë përkrahjeje për
ngritjen e Shkupit 2014 të neveritshëm – një projekti shokant, kiç dhe
tmerrues.
Kohët e liga thirrin për vepra të liga.
Wednesday, April 10, 2013
ДОЛГА Е СЕНКАТА НА БАЛКАНСКИТЕ КАСАПИ
Белешка, ноќта пред уште еден Воен Злосторник да
биде пречекан како Херој
Полињата на
смртта од изминативе децении на Балканите сé уште испаруваат. Звукот
на крвавите војни, смртта и страдањето на стотици илјади луѓе сé уште се во воздухот. Раните се отворени сé уште, а
спомените се полни гнев и оплакување. Масовни убиства, погроми, егзекуции,
етнички чистења, концентрациони логори...
Долга е сенката на
Балканските касапи. Во текот на повеќе од една деценија, крвожедните криминалци
со изместени умови водеа слични на себе орди од злосторници, силувачи и убијци
во невидени искушенија и се воздигнуваа себе си како национални херои и ослободители
од „другите“.
Уште една
деценија потоа, луѓето што живеат на Балканите, беа сведоци како наследниците
на касапите – каков што е Милошевиќ (и многуте што ја избегнаа правдата) –
флертуваа со нивните недела, криејќи ги колку што можеа подолго, правејќи ја
така меѓународната правда бавна и неефикасна. Тие ликови, токму наследниците на
балканските касапи прикажуваат приврзаност кон демократските вредности во
нивните мали земјички, а се преправаат дека се про-европски-што-и-да-е пред
странците. Во меѓувреме, дадоа сé од себе да го дискредитираат Хашкиот
Трибунал во домашната јавност на најразлични начини. Правејќи го тоа, тие се
стекнаа со повеќе гласови од националистичките свињи во своите земји, градејќи
на тој начин сопствени мали деликвентни кралства и задушувајќи ги општествата со
смрдеата на своите извитоперени фантазии и неконтролирани апетити.
Хрватска, Србија,
Босна, Косово, Македонија... Сите тие плачеа по своите „херојски синови“ кога
ги приведе Хашкиот Трибунал (ICTY) и им приреди величествен дочек кога се враќаа
дома. Македонија имаше ваква забава за дочек за Љубе Бошкоски веќе во летото 2008 година.
Сега, вториот
повратник, Јохан Тарчуловски – осуден од Хаг на 12 години затвор за неговата главна уголга во Љуботенскиот масакр –
ќе биде прибран од затворот во
Германија со авион на владата. Медиумите веќе се во трка да објават стории за
атмосфера на олеснување и среќа за ослободувањето на Тарчуловски, за забавата
за дочек која владата на Груевски ќе ја направи, почнувајќи од двајцата
амбасадори на Македонија во Германија и Холандија кои го дочекаа пред капијата
на германскиот затвор, каде што овој воен злосторник ја отслужуваше казната.
Однесувањето на
балканскиве властодршци е одвратно. Тие ги дочекуваат воените криминалци како
херои, а со тоа стануваат нивни соучесници, ги одобруваат нивните недела,
плукаат во лицето на меѓународната правда и ги разгневуваат тие што ги изгубиле
своите блиски.
Го видовме ова
насекаде во екс-Југославија и го видовме во Македонија пред пет години.
Овојпат, силниот потсетник доаѓа во ликот на осуден воен злосторник. Владата
која би требало да биде една за сите граѓан(к)и вклучувајќи ги и оние чии
блиски погубија Тарчуловски и неговата банда – всушност го негуваа култот кон
Јохан веќе со години. Сега дојде време да се ужива во врвот на венерациите.
Имено, ова е
владата на тие цивили кои страдаа и од неделата на УЧК, вклучувајќи ги 12-те
семејства на исчезнатите Македонци од 2001 година. Токму ова е владата во која
поранешниот лидер на УЧК Али Ахмети е партнер веќе шест години.
Ова е владата
која го испраќа својот службен авион и пречекува воен криминалец како херој под
новокомпонираната триумфална капија.
Плус: за секој
што сака да го пречека воениот криминалец на аеродромот или во Скопје, ќе има
бесплатно возење со автобус (250 автобуси се резервирани за утре).
Ќе биде ли Али
Ахмети таму, кај кичестиот плоштад полн споменици на други касапи? Или ќе
остане во Тетово, градот во кој Рамуш Харадинај стана почесен граѓанин во една церемонија пред
пар месеци? Штета, тоа всушност беше неговиот политички опонент што му ја укажа
честа на Харадинај во обид да освои локална власт, неуспешно. Или, дали Ахмети
ќе биде во Љуботен во обид да им пружи утеха на оние што страдаа од дивеењето
на Тарчуловски пред 12 години? Можеби, наместо тоа, ќе направи таква чест, што
ќе се обиде да им пружи утеха на сите мајки на настраданите во воените зони на
двете страни во 2001-та. Се разбира, во името на владата на Груевски.
Ахмети настрана;
важно ние знаеме со сигурност каде ќе биде премиерот и неговиот етнички
македонски дел од владата. Имено, со ѕвездата на денот – Тарчуловски – на
плоштадот на триумфите. И ќе ќари уште некој политички поен. И ќе им наштети на
меѓуетничките односи уште повеќе. А утре? Можеби треба да почекам до утре и да
видам што ќе се случува? Не мислам така.
Утре ќе биде само
уште еден ден од историјата на срамот.
Џабир Дерала
Subscribe to:
Posts (Atom)