Wednesday, May 22, 2013

ЛИЖЕЊЕ ЧИЗМИ


Кога структурите ќе ги постават линиите, први што газат преку нив се уметниците. Структурите ги сакаат ѕидовите. Уметниците ја сакаат слободата и ги уриваат ѕидовите за да му дадат на творештвото простор да се движи, воздух да дише.
Затоа, структурите од памтивек создаваат послушници токму меѓу уметниците. Кабинетите на моќниците не може да се замислат без уметници кои го свиткале својот `рбет и се согласиле да ја играат улогата на дворски шутови. Секогаш се на услуга да го забавуваат својот господар.
Уметниците-дворски шутови се и вредни апологети и создаваат дела со кои се поддржува политиката и го јакнат имиџот на господарите. За возврат, господарите владеат со нивното тело, дух и душа.
Зошто? За храна, облека и живеалиште. Некој ќе рече и за позиција во општеството, титули и влијание. Се сомневам во тоа. Уметниците сами по себе имаат позиција во општеството, титули им се безвременоста и бесконечноста, а влијанието еманира од нивните дела и личности.
Меѓу дворските шутови има и креативни, вредни луѓе, чие мајсторство предизвикува возбуда и восхит. Но нивната апологија на бескрупулозните моќници остава горчлив вкус во устата и ги девалвира делата кои ги создаваат. Салвадор Дали е прекрасен уметник, но засекогаш ќе остане и дворски шут на оној гад, Франко. Зошто? За пари.
„Уметниците имаат потреба да творат, но и да бидат неутрални, да виреат надвор од политичките збиднувања и процеси.“ Одлична стапица. Значи, не мора да бидат ни дворски шутови, а уредно да ја играат истата улога, но со помалку пари или бесплатно.
Уметниците не смеат да имаат став за сиромаштијата и насилството, не би требало да се мешаат во теми како човекови права и слободи, мир и ненасилство. Нема зошто уметниците да се произнесуваат за убиството на човечките вредности, достоинството, убавината. Тие треба мирно и во тишина да творат дела кои се плод на нивната имагинација и таленти. Политички затвореници, националистичка хистерија, гушење на слободата на говорот, безмилосна експлоатација, дискриминација – со тоа треба да се занимаваат луѓе кои се повикани за тоа, луѓе со мускули, а не уметниците.
За уметниците се резервирани страниците и рубриките за култура. Таква рубрика секогаш и секаде има. Да, може да има и повеќе. Барем малку повеќе. Па, за спорт и забава има толку простор, зошто барем малку повеќе да се не се посвети внимание на културата? Заслужуваат уметниците! Да, тука почнува и завршува „бунтот“ на уметниците – во „битката“ за десетина секунди повеќе во просторот кој го зафаќаат популарните рубрики во медиумите. Не се мешаат во политичката порнографија, освен кога се повикани да ја воспеваат. Тие се неутрални и аполитични. Покрај тоа, никогаш не се знае, можеби на нив ќе падне милозливиот поглед на Структурата.
Гладни за вниманието на Структурата, дворските шутови се пресреќни кога ќе им фрлат некоја коска со малку мевце. Тие тогаш се чувствуваат „избрани“. Нивниот рефлекс тогаш е да се испружат пред своите господари и понизно да почнат со лижење на нивните чизми. Меѓу два сочни потега со нивните јазици по површината на чизмата на господарот, додека земаат здив, изговараат ласкави зборови. Потоа се „исправаат“ на своите колена и уредно се заблагодаруваат за вниманието и коската. Коската која господарот и неговите кучиња ја изглодале, а секако ја грабнале од народот. Да, дворските шутови и тие што се туркаат тоа да станат, се заблагодаруваат на погрешна адреса, бидејќи и месото и коските се на народот. Поточно, месото и коските се самиот народ.
Уметниците го заслужиле вниманието веќе со тоа што својата креативност, своите идеи и визии ги преточиле во уметнички дела. Нивните животи и нивните дела се запчаниците на цивилизацијата. Колку и да изгледа неверојатно во овие и ваквите времиња, уметниците се супстанцијата на бунтот, смислата на општеството. А тие што се ничкосале пред чизмите на каприциозните узурпатори, се помочале на сопствените дела и станале соучесници во грабежот.

Џабир Дерала



Објавено за САКАМ.ИНФО

КРАЛИЦАТА ЕСМА: ПРОПАГАНДА И РЕАЛНОСТ | MBRETËRESHA ESMA: PROPAGANDA DHE REALITETI


По повод текстот на Харалд Шенкер во Balkan Insight
Џабир Дерала
Па, легендите и реалноста се две различни нешта; поточно: пропаганда и реалноста. Есма Реџепова беше самопрогласена кралица на ромската музика. Поранешната југословенска пропаганда машинерија ја креира и лансира Есма како еден од многуте агитпроп производи. Она што е Есма во независна Македонија е југо-инерција, како толку многу други нешта. Нејзината музика, искрено, е далеку од тоа да биде толку кралска како што таа самата и (пост)југословенските папагандни машини тврдат; постојат повеќе други кралеви и кралици на ромската музика.
Нејзината хуманитарна работа има прилично спорна позадина. Таа е еден ситен и ирелевантен политичар. Сé на сé, таа го доби заслуженото место на евровизискиот натпревар на кој учествуваше по скандалозна низа на настани дома - платени од граѓаните на Македонија.
Есма беше цитирана во српски весник каде користи погрдни називи за хомосексуалците додека ги опишува организаторите на Евровизија и се обидува да најде изговор за дебаклот на натпреварот. Покрај тоа, таа тврди дека нејзиниот партнер во пеењето, младиот Лозаноски, хомосексуалците го штипкале по бифеата близу евровизискиот настан. Срамно. Еден провладин медиум побрза да пушти романтична приказна за Есма и нејзиното присуство на геј свадба во Амстердам. Но, штетата е веќе направена.
Таа навистина е на иста линија со официјалната политика.
Користењето имиња и навреди за ЛГБТ заедницата е она што официјалната политика на Македонија не се осмелува да го формулира на таков примитивен и вулгарен начин, но тие сигурно го мислат тоа, ако го цениме нивниот став врз основа на нивните активности и практики. Суштината е иста. Исто како што на провладиниот круг на самопрогласените новинари и интелектуалци го кажува она што политичката елита на власт го мисли, па Есма го тресна она што го тресна. Тоа не е прв пат. И не е последен пат. ЛГБТ прашањето не е ни единствениот проблем во овој контекст.
Есма е политичар повеќе од деценија. Таа отсекогаш беше миленик на владејачките партии, секогаш облечени во шарени традиционални носии, даваше не многу интелигентни изјави - секогаш на иста линија со владејачите. Таа е она што од неа се очекува да биде: шарена, не премногу бистра и послушна. Како и многу други послушни ликови кои - меѓу толку многу други нешта - кренаа рака во знак на поддршка на подигањето на одвратното Скопје 2014 – шокантно глуп, кичест и застрашувачки проект.
Нечестиви времиња повикуваат на нечестиви дела.


Me shkas: pas tekstit të Harald Shenkerit në Balkan Insight
Xhabir Deralla
Ja që legjendat dhe realiteti janë dy gjëra të ndryshme; më saktësisht: propaganda dhe realiteti. Esma Rexhepova ishte mbretëresha e vetëshpallur e muzikës rome. Makineria propagandistike e ish-Jugosllavisë e krijoi dhe e lancoi Esmën si një nga agjitprop produktet e shumta. Ajo çka është Esma në Maqedoninë e pavarur është pasojë e jugo-inercionit, si dhe shumë gjëra të tjera. Muzika e saj, sinqerisht, është larg asaj që të jetë mbretërore, siç e quajnë atë ajo vetë dhe makinat propagandistike (post)jugosllave; ekzistojnë më shumë mbretër dhe mbretëresha tjera të muzikës rome.
Puna e saj humanitare ka një prapavijë mjaft diskutabile. Ajo është një politikane e imët dhe irrelevante. Kur t’i mbledhësh të gjitha, ajo e fitoi vendin e merituar në garën evrovizive në të cilën mori pjesë pas një sërë ndodhish skandaloze në shtëpi – me paratë e qytetarëve të Maqedonisë.
Esma u citua nga një gazetë serbe ku përdor fjalë fyese për homoseksualët përderisa i përshkruante organizatorët e Evrovizionit dhe përpiqet të gjejë arsyetim për debaklin në garën. Përveç kësaj, ajo thotë se partnerin e saj në interpretimin, Lozanoskin e ri, homoseksualët e kanë ngacmuar në kafeteritë afër sallës ku u mbajt festivali. Një medium proqeveritar shpejtoi të publikojë storjen romantike për atë se si Esma ka marrë pjesë në një ceremoni dasme të një çifti homoseksual në Amsterdam. Por, dëmi veçmë u bë.
Ajo vërtet është në linjë të njëjtë me politikën zyrtare.
Përdorimi i emrave dhe fyerjeve për komunitetin LGBT  është ajo që politika zyrtare e Maqedonisë nuk guxon ta formulojë në mënyrë aq primitive, por ata gjithsesi e mendojnë atë, kur të merren parasysh aktivitetet dhe praktikat e tyre. Thelbi është i njëjti. Njësoj sikurse edhe rrethi proqeveritar i gazetarëve dhe intelektualëve të vetëshpallur e thotë atë që elita politike në pushtet e mendon, Esma vetëm se e tha troç atë që e tha. Dhe kjo s’është hera e parë. Dhe s’është hera e fundit. Gjithashtu edhe çështja e LGBT nuk është problemi i vetëm në këtë kontekst.
Esma është politikane tash e mbi një dekadë më parë. Ajo gjithmonë ka qenë e përkëdhelura e partive në pushtet, gjithmonë e veshur me petka tradicionale të larmishme, jepte deklarata jo fort intelegjente – gjithmonë në vijë të njëjtë me pushtetin. Ajo paraqitet ashtu siç pritet prej saj që të jetë: e larmishme, jo fort e zgjuar dhe e dëgjueshme. Si dhe shumë “faca” të tjera të dëgjueshme të cilët – ndër shumë punët tjera – ngritën dorën në shenjë përkrahjeje për ngritjen e Shkupit 2014 të neveritshëm – një projekti shokant, kiç dhe tmerrues.
Kohët e liga thirrin për vepra të liga.