Tuesday, March 13, 2012

КОЈ САКА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА?


Владата е одговорна за сериозно влошување на човековите права и слободи, интензивна владина контрола и притисок врз медиумите, загрозување на слободата на говорот, целосно отсуство на политички дијалог, корумпиран и контролиран правен систем, невидена политизацијата на сите институции и администрацијата, сето тоа придружено со растечка невработеност и сиромаштија во земјата

Џабир Дерала

Подемот на меѓуетничко насилство во Република Македонија е јасна последица на погрешни и деструктивни политики на владата. Премиерот и лидер на националистичката партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, како и неколку про-владини јавни личности категорично негираа каква било поврзаност меѓу владата и етничкото насилство на улиците, а некои од нив отидоа дури дотаму да побараат одговорност од странските тајни служби, но сигурно не на владата.
Тука треба да се направи одредена дистинкција. Постои разлика меѓу тоа да се биде организатор и да се биде одговорен. Владата не мора да биде директен и физички организатор на етничката омраза и насилството во земјата, а сепак да биде одговорна за тоа. Како? Јасно и едноставно. Со нивно создавање.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА ХИСТЕРИЈА?
Тоа се националистичките доктрини и практики кои се главните карактеристики на политичките партии во земјата, особено на владејачката. И, не само тоа... Навистина, тоа е влада која е одговорна за сериозно влошување на човековите права и слободи, интензивна владина контрола и притисок врз медиумите, загрозување на слободата на говорот, целосно отсуство на политички дијалог, корумпиран и контролиран правен систем, невидена политизацијата на сите институции и администрацијата, сето тоа придружено со растечка невработеност и сиромаштија во земјата.
Со цел да ја дивертира општествената реакција од овие алармантни проблеми, владејачката партија наметна брз раст на популизам и национално-шовинистички реторика и акција, а национализмот и дискриминацијата ги искачи на институционално ниво. Владата креира, отворено спонзорира или тивко поддржа цела палета на фашистички проекти и активности, почнувајќи од гротескно робусниот, скап и бесмислен проект Скопје 2014, па се до хистеричното однесување на клубовите за поддршка на кошаркарската и ракометната репрезентација, чија химна е ексклузивна, националистичка и расистичка.
Фан клубовите на етничките Македонци ги пеат нивните песни обично придружени со слогани како "Гасни комори за Шиптари" и "Сатари за Шиптари". Овие песни и слогани се извикуваа на стадионите и градските плоштади во присуство на претседателот Иванов и премиерот Груевски, кои никогаш не го осудија таквото однесување. Напротив, владата плати 1000 билети за фан клубовите да патуваат во Белград, на пример. Албански знамиња беа запалени на стадиони и во спортски сали во Македонија и Србија од страна на Македонците. Албанските фан клубови одговорија со палење македонски знамиња на стадиони во Македонија, Косово, Албанија...
Националистичката хистерија се спроведува систематски, коалициските партнери се претвораат во вазали и жртвени јариња, безрбетни новинари и уредници се користат како агенти на пропагандата.
Сето тоа нé доведе до работ толку често во последните неколку години, а ескалираа до етничко насилство, вклучувајќи сурово претепување на малолетници и лица во години во изминатите недели. Бруталноста чии сведоци сме овие денови е логично продолжение на оваа и ваква политика на владејачката партија и нејзините вазали. Човек не мора да биде Ајнштајн за да види каде сето ова ќе доведе, како што и се случи. 

ПОДЕЛБА И НАСИЛСТВОТО 
Избувнувањето на етничкото насилство вклучува главно млади луѓе. Најлиот инцидент се случ кога околу триесет маскирани лица опремени со безбол палки и метални шипки упаднаа во градски автобус и брутално претепаа над десет малолетници, вклучувајќи и девојчиња, сите етнички Албанци. Следеше ерупција од инциденти со тепање на двете страни.
Насилство меѓу етничките Македонци и Албанци не е ново, а е последица на систематска сегрегација во училиштата и на други места спроведена од страна на властите веќе неколку години наназад. Над сетоа тоа, младите луѓе на оваа земја се добро ухранети со национализам токму од страна на институциите на државата.
И покрај правно обврзувачки документи и стратегии донесени од владата, вклучувајќи ја и онаа за интегрирано образование (2010), политичарите на власт продолжија со негување на етничката поделба во училиштата. Тоа доаѓа во комбинација со учебници по историја и други предмети кои вклучуваат содржини со многу предрасуди; учениците етнички Македонци и Албанци во Македонија учат различни истории за нацијата на другиот. 
Етничката омраза е охрабрена и од чисто етнички македонски националистички културни политики на владата или, поточно, на владејачката партија и нејзиниот коалициски партнер, ДУИ (инаку, да потсетиме, политички наследник на македонскиот УЧК во 2001). ДУИ, исто така, го добива својот дел од буџетот да ги негува националистички чувства меѓу своите гласачи, се разбира, користејќи несразмерно многу помалку пари од буџетот. Но, се чини дека се многу среќни со својот дел.
Значи, да заклучиме и нагласиме уште еднаш: избувнувањето на етничкото насилство е последица на националистичката и дискриминаторската политики на владејачките политички и други структури на моќ во земјата.

ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР vs. РЕАЛНОСТА
Насилство нема да престане. Безбедносната ситуација ќе се влоши. Владата нема интегритет да го спречи тоа на кредибилен и одржлив начин. Во меѓувреме, металните шипки и безбол палките лесно може да се заменат со оружје, исто како што палењето знамиња и војната на зборови на социјалните мрежи му претходеа на сегашното насилство. Од време на време замирисува на војна во Македонија. Сега, кој сака војна во Македонија?
Дефинитивно, оние кои веруваат во теориите на заговор ќе имаат можност да раскажуваат приказни за мрачните заговори кои доаѓаат од Запад, кои сакаат да ги уништат етничките и "античките" Македонци, итн. Некој припадник на навивачките групи на албанска страна би можел да поверува дека сево ова е српски или руски заговор да ги сотре Албанците... Некои би можеле да поверуваат во теорија на заговор предводен од двата главни коалициски партнери, македонската ВМРО и албанската ДУИ со цел да се остане на власт и да се оствари профит од ескалација на насилствата и вооружен конфликт. Некои велат дека оваа ситуација е поврзана со прашањето за името, влезот во НАТО, итн.
Па, сѐ додека некој попрво верува во заговори отколку на очигледните факти, ќе има манипулација. Покрај тоа, заговори се можни само ако веќе има некој кој сака да врши насилни и убиствена акти. А, тие се можни само откако ние, самите, ќе го запалиме огнот. Освен тоа, ако извадите пиштол, не е многу веројатно дека некој друг од надвор ќе дојде и ќе го поттурне вашиот прст да го повлече чкрапалото. Дури и ако е така ... Зошто да се извади пиштол? Зошто воопшто да се носи пиштол?
Никој не сака војна?
Погледнете го парламентот! Членови на владејачкото мнозинство во парламентот се обидоа да ја префрлат одговорноста на политичарите од опозицијата, обвинувајќи ги за разгорување на конфликтот и додавање на етничка димензија на секој инцидент.Тоа е инфантилно, во најмала рака. Имено, насилството е етнички мотивирано и е последица на агресивни националистички агенди – спроведени од страна на мнозинството во парламентот. Тоа веќене може да се контролира од страна на родителите и училиштата, како што премиерот и некои други водечки политичари се обидуваат да сугерираат. Тие, политичарите, ја упропастија таа шанса многу одамна.
Значи, кој сака војна во Македонија?
Може да се корумпираните политичари кои се плашат од правдата откако ќе ја загубат власта. Или, би можело да се корумпираните политичари кои сакаат повеќе пари, па војната е добра шанса за тоа. Војната може да биде добро покритие за злосторствата на владетелите. Никој не сака војна - би можело да биде еден од одговорите - но тоа е единственото логично продолжение на она што се случува со години досега. Последново се чини дека е највозможно и најзастрашувачко. Денешните политичари на власт и нивните мизерни медиумиски слуги ги кријат личните фрустрации и незнаењето зад одвратно однесување и деликвенција во фашистички манири, дрско кршејќи ги сите принципи на човечко однесување, ширејќи страв и спонзорирајќи етничка, верска и расна омраза.
Што ќе се случи ако (кога) презагреаната ситуација на улицигте, со вклучени специјални полициски единици, ќе резултира со смрт на младо момче? Повеќе насилство - веројатно вооружено. И порепресивен одговор од страна на дел од пре-тренираните насилници од редовите на полициските сили.
ЛЕК?
Лек? Владата мора да го признае својот дел од одговорноста и да излезе со одржлив и искрен план како да ги поправи своите постапки досега. Јавниот обвинител Шврговски мора конечно да се разбуди и да подигне обвиненија против сторителите на кривични дела на повисоки нивоа. Хм, да ја уапси владата, можеби? Сепак, медиумските хулигани треба се прогласат одговорни за нивната промоција на омраза. Владата мора да престане со контрола на медиумите и да ја врати демократијата во земјата. Треба да ги прекине смешните и мегаломански проекти и да ги признае грешките. Опозицијата мора да се откаже од својата националистичка реторика во потера за повеќе гласачи. Политичкиот дијалог мора да бидат обновен. Граѓанското општество треба да се обедини и да заземе јасен став против национализмот и насилството.
Овие барања се тешки и бараат енергија, искреност и храброст. Некои барања се нереални, знаејќи кои и какви се македонските политичари, но добро е да ги имаме предвид. Со текот на времето овие барања можеби и ќе станат возможни.
Деновиве, сите ние треба да инвестираме во иднината на нашите деца и да им кажеме не на кукавиците со безбол палки. Пред тие да станат АК-47 ...

No comments:

Post a Comment